Шукова: Црн чад над Скопје граѓаните бараат одговорност, а не молк
- Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова остро реагираше за големиот пожар што попладнево изби во селото Трубарево и беше проследен со серија експлозии, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално.
Скопје, 13 септември 2025 (МИА) - Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова остро реагираше
за големиот пожар што попладнево изби во селото Трубарево и беше проследен со серија експлозии, се вели во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално.
„Скопје повторно под црн чад!
Граѓаните пак вдишуваат отров наместо чист воздух. Кој ќе сноси одговорност за труењето на граѓаните?
Наместо молк, граѓаните бараат одговори и одговорност. Четири години под раководство на ВМРО-ДПМНЕ во општините сѐ е импровизација. Отпадите и депониите работат без соодветни стандарди за заштита на животната средина и без контрола.
ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници им должат одговори на граѓаните и тоа веднаш!
Жителите на Скопје имаат право на здрав живот и чист воздух, а не на постојани пожари, чад и труење.
Доста е со импровизации и молк. Време е за реални решенија и вистинска грижа за граѓаните"-напиша Шукова на Фејсбук.
СДСМ
Фото МИА архива