• понеделник, 23 декември 2024

Шукова: Учебниците во образовниот систем не ги опфаќаат доволно темите за заштита на животната средина и климатските промени

Шукова: Учебниците во образовниот систем не ги опфаќаат доволно темите за заштита на животната средина и климатските промени

Скопје, 20 април 2023 (МИА) – Во делот на образовниот процес темите за животната средина програмски треба да бидат повеќе вклучени, за ова прашање треба да отвориме дебата, да се консултираме со ресорите кои работат на ова прашање, секако и со Министерството за образование и наука, истакна денеска министерката за животна средина Каја Шукова.

Министерката на денешниот настан „Инвестираме во знаење – помагаме на планетата“ по повод денот на планетата Земја во одоговор на прашање на МИА, рече дека МОН и другите  надлежни институции треба активно да работат на поголема вклученост на децата во програмски активности кои се од областа на заштита на животната средина.

-Треба постојано да се зборува за животната средина, бидејќи кога ќе го научите детето од најмало дека треба да ја вреднува животната средина ќе го практикува истото, посочи Шукова.

Таа потсети на иницијативата „Зелен пакет“ и го посочи како добар пример кој треба иниституциите да го следат во иднина.

-Во оваа држава се направени материјали во однос на заштита на животната средина, не знам колку се сеќава јавноста, но во годините наназад имаше и беше промовиран „Зелен пакет“ за животна средина кој дава многу добри информации за децата и мислам дека треба да се вклучи секако во образовниот процес, но секако и сите институции особено Министерството за образование и наука, кое најактивно работи теми од животната средина, а секако и единиците на локалната самоуправа, како дел од нивните надлежности за заштита на животната средина треба во своите програмски активности постојано да ги вклучуваат децата за да можат што повеќе да научат за животната средина и потоа и сите нас да не потсетуваат дека треба да се грижиме за заштитата на животната средина, изјави министерката. свс/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан