• вторник, 05 ноември 2024

Шукова: Се обидувам да видам што се случува со средствата доделени од Владата за спас на Преспанското Езеро

Шукова: Се обидувам да видам што се случува со средствата доделени од Владата за спас на Преспанското Езеро

Скопје, 15 март 2023 (МИА) - Со општините кои гравитираат околу Преспанското Езеро, пред се со Ресен, почнавме разговори, откако во рамки на Владата и беа доделени средства на Општината, па сега се обидувам да видам што се случува со тие средства и дали можеме повторно да ги реактивираме, информира денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Министерката, во одговор на прашање од МИА, информира дека ќе се обиде да ги продолжи активности на програма на Општина Ресен, која била фокусирана на проблемот со Преспанското Езеро.

null

- Општината имаше детерминирано една сериозна програма, но пред неколку години застанаа активностите и јас ќе се обидам повторно да го реафирмирам тој процес да видиме барем она што беше предвидено во рамките на средствата кои ќе ги обезбеди Владата, појасни Шукова.

Таа додаде дека треба да се има предвид дека Преспанското Езеро е подложно на природни процеси кои имаат влијание врз неговата состојба.

- Не го запоставуваме Преспанското Езеро, но мора да се напомене дека понекогаш станува збор за природни процеси. Знаете која е поврзаноста на Охридското и Преспанското Езеро. Има големо понирање на водата и тоа се случувало со децении наназад. Тоа не е оправдување, меѓутоа секогаш треба да ги следиме природните процеси и да видиме, и централната и локалната власт, што можеме да направиме. Преспанското Езеро не е заборавено и секако ни е на агендата. Ќе ни оставите малку време за да се вратиме назад за да видиме една генеза наназад што се случувало и од каде можеме да продолжиме, посочи министерката. свс/сп/

Фото: МИА

Остани поврзан