• петок, 05 декември 2025

Штрајк со глад почнува мајка на момче жртва во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

Штрајк со глад почнува мајка на момче жртва во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

Белград, 1 ноември 2025 (МИА) - Мајка на момче кое загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица лани во Нови Сад објави дека почнува штрајк со глад. 

Дијана Хрка, во обраќањето до собраните на комеморативниот собир во Нови Сад, објави дека ќе штрајкува со глад.
„Тргнувам во оваа борба сама. Морам да знам кој го уби моето дете, кој уби 16 луѓе. Некој мора да одговара за ова. Ќе штрајкувам со глад пред Собранието, спроти Ќациленд“, рече таа.

„Денеска е најтажниот ден за сите нас, денеска Нови Сад плаче, но јас се борам никој никогаш повеќе да не плаче, ниту самохрана мајка, ниту самохрана сестра“, рече Дијана Хрка, мајка на Стефан Хрка, еден од 16-те жртви.

Таа изјави дека му порачува на српскиот претсеател Александар Вучиќ да распише избори. зш/

Остани поврзан