• недела, 28 април 2024

Штрајк на контролорите на летање на аеродромот Орли во Париз, откажани многу летови

Штрајк на контролорите на летање на аеродромот Орли во Париз, откажани многу летови

Париз, 11 февруари 2023 (МИА) -  На аеродромот во Париз - Орли денеска беа откажани многу летови поради ненајавен штрајк на контролорите на летови како дел од протестното движење против пензиските реформи во Франција.

Француската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека побарала од авиокомпаниите да го намалат распоредот на летови за 50 отсто, почнувајќи од 13 часот денеска.

Другиот меѓународен аеродром во Париз, Роаси-Шарл-де-Гол, не е погоден од штрајкот.

Во Франција денеска се закажани демонстрации против пензиските реформи. ссм/

Остани поврзан