• четврток, 19 март 2026

Штрајк во воздушниот сообраќај во Италија, откажани 55 проценти од летовите

Штрајк во воздушниот сообраќај во Италија, откажани 55 проценти од летовите

Рим, 26 февруари 2026 (МИА) - Штрајкот во авиоиндустријата во Италија, кој трае 24 часа, доведе до откажување на 55 проценти од летовите.

Вработените во авиокомпаниите, аеродромите и во сродните сектори, вклучувајќи го и копнениот и авионскиот персонал на „ИТА ервејс“ и „Изиџет“, протестираат поради условите за работа, објави италијанската новинска агенција AНСА.

Штрајкот го организираат неколку синдикати. Компанијата „ИТА ервејс“ веќе откажа 55 проценти од своите летови, што е речиси 160 лета, според податоците на синдикатот.

Исто така, и екипажот на „Вуелинг“ е во четиричасовен штрајк од 13 до 17 часот. Првиот загарантиран термин за патниците беше од 7 до 10 часот, а следниот од 18 до 21 часот. рп/сд/

Фото: АНСА

 

Остани поврзан