• понеделник, 23 декември 2024

Штип направи измени во тендерската постапка за градски превоз

Штип направи измени во тендерската постапка за градски превоз

Штип, 31 август 2022 (МИА) - Зголемување на субвенциите, промена во тарифниот систем, како и промена во условите, начинот и постапката за доделување автобуски  линии на превозниците во Штип, со цел на новиот тендер кој ќе се реаспише да има пријавени фирмиСоветниците ги прифатија промените за новата тендерска постапка, бидејќи претходниот пропадна. Оливера Блажева општински инспектор за сообраќај во Општина Штип вели дека  за сегашниот да биде успешен, општината го зголемува субвенционирањето за околу 900 илјади денари, ако претходно општината давала 1.054.080 сега треба да одвои 1.950.912 денари.

-Првата промена се однесува на сумата на субвенционирање која општината ја доделува и тоа се однесува на линиите во термините кои не се засегнати со превозот на ученици. Сумата која ја субвенционираше општината беше 40 денари за километар сега е зголемена за 100% и изнесува 80 денари за изминат километар, вели Блажева. Промени бележи и членот седум, критериумите остануваат исти, но се менува распредлбата на бодовите. Истовремено, ако претходно превозник можеше да биде само правно лице со седиште во Штип, сега тоа се менува и може да биде секое правно лице кое ги исполнува условите. -Четвртиот критериум има најмногу бодови кои претходно беа 30 сега се 60 бода, потоа имаме просечна старост што превозникот ќе ги користи претходно беше 25 бода сега е 20 бода. Третиот критериум за број на вработени најмногу десет бода и се намалени бројот на вработени. Значи ставено е до двајца вработени по линија пет бода и повеќе од пет вработени десет бода додаде Блажева. Посочи дека учениците од утре имаат обезбедено училишен  превоз, договорите се направени на годишно ниво, што значи до крајот на оваа година превоз е обезбеден. вдј/

Остани поврзан