• понеделник, 23 декември 2024

Штип инвестира 10 милиони денари во тротоарни површини

Штип инвестира 10 милиони денари во тротоарни површини

Штип, 5 октомври 2023 (МИА) - Штипската улица „Сутјеска“ќе добие тротоарска површина, односно ќе се постават павер-елементи и со тоа ќе се реконструираат старите и дотраени патеки за пешаци. Активностите за уредување започнаа денеска, а увид изврши и градоначалникот, Иван Јорданов.

-Од денес започнуваат активностите за уредување на тротоарската површина којашто е останата, имајќи предвид дека изминатите месеци се уредуваше едната страна, а во наредните денови, како што беше барањето на жителите, ќе бидат уредени и двете страни со павер-елементи, вели Јорданов.

Новите тротоарски површини ќе бидат заштитени со столпчиња, односно на тој начин ќе се спречи паркирање на возилата.

-Безбедноста на пешаците е наш приоритет, затоа по завршувањето на уредувањето на тротоарските површини, ќе бидат поставени безбедносни столпчиња со цел тротоарските површини да бидат ослободени од возилата кои се паркираат согласно со потребите на пешаците кои минуваат на овој дел од градот, додава Јорданов.

Уредувањето на тротоарите на оваа улица започна оваа пролет, кога градоначалникот посочи дека повеќе улици на територија на општина Штип ќе добијат тротоари, а за тоа ќе се искористат околу 10 милиони денари од општинскиот буџет. вдј/ир


Фото: МИА

Остани поврзан