Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол
- При контралата е констатирано дека А.О.(42) од Штип имал 1,56 промили алкохол во крвта.
Скопје, 8 јуни 2025 (МИА) - МВР соопшти дека денеска во 03.27 часот на улицата „Христијан Карпош“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.О.(42) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека има 1,56 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. мч/
фото: МИА архива