• четврток, 21 ноември 2024

Штипското медицинско училиште „Јане Сандански“ го одбележа патрониот празник

Штипското медицинско училиште „Јане Сандански“ го одбележа патрониот празник

Штип, 20 април 2023 (МИА) - Со пригодна манифестација, музички точки и рецитал, Средното медицинско училиште „Јане Сандаски“ во Штип го одбележа својот патрон празик. Директорката на СОУ „Јане Сандански“ во Штип, Марија Николиќ, истакна дека денеска се одбележува 66 години од постоењето на училиштето, кое остава траг и пример кој треба да се следи за уште поуспешни генерации.

-Чест ми е што денес го одбележуваме патрониот празник на СОУ „Јане Сандански“ - Штип, 66 годишно постоење, училиште со традиција, историја, добро минато, а уште посветла иднина. Би сакала да ги поздравам и да се заблагодарам на сите кои не удостоија и се дел од денешниот настан. Оставаме траг и обврска на идните генерации да го следат овој пример и да не го заборават патронот Јане Сандански, рече Николиќ.

Штипското медицинско училиште „Јане Сандански“ го одбележа патрониот празник

Во училиштето беше реализиран младински шаховски натпревар. Учениците од прво до девето одделение од основните училишта, како и од прва до четврта година од средните училишта имаа можност да се пријават и да бидат дел од натпреварот, како и да освојат награда. Александра Каракерезова-Данева организаторката вели дека е задоволна од одзивот на учениците.

-Членовите од шаховскиот клуб кои денеска се во улога на судии, голема поддршка добив од колегите од нашето училиште и сакам да истакнам дека сум пријатно изненадена од одзивот на учесници на овој турнир. Млади шахисти кои се од основните и средни училишта од нашата општина, рече Каракерезова – Данева.

Некој научил да игра шах со другарчињата, други со своите дедовци. Учесниците велат не е тешко да се игра ако се има желба и мотивација. Настанот е со поддршка од Фондацијата за развој на локалната заедница и е дел од проектот „Направи разлика“, а е финансисран од страна на УСАИД.вдј/бт/

 Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан