• недела, 22 декември 2024

Штипското електро-машинско училиште набави 3Д принтер за практична настава за учениците

Штипското електро-машинско училиште набави 3Д принтер за практична настава за учениците

Штип, 11 септември 2024 (МИА) - Средното општинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин“- Штип набави 3Д принтер за потребите на училиштето и пред се за практична настава на учениците. Директорката на СОУ „Коле Нехтенин“- Јованка Шалева денеска изјави дека со помош на овој принтер средношколците ќе може да изработуваат накит, вазни, саксии, делови за машини и слично. Принтерот е од големо значење бидејќи со искуството понатаму може да се заработува, а суштината е да се изработува готов производ од само еден филамент.

-Интенцијата на нашето училиште е секоја година да се збогатува со опрема и со алатки, кои ќе ја зголемат довербата на учениците, односно ќе ја оправдаат, бидејќи постојано запишуваме голем број ученици, ќе стекнат богато искуство, кое понатаму ќе им користи во наредното образование. 3Д принтерот како алатка финансиски не чини многу, но искуството е непроценлива, изјави Шалева.

Професорот во СОУ „Коле Нехтенин“, Томе Коловски истакна дека воведување на новата технологија е една од основните цели на училиштето, а тоа се покажува и со набавката на новиот 3Д принтер.

-Денеска можеме да се запознаеме и со работењето на 3Д принтерот, кој мислам дека е еден од најсовремените, со што на учениците можеме да им овозможиме напреден образовен систем, рече Коловски.

Учениците кои ја избрале машинската струка велат дека со помош на алатки и машини во пракса се запознаваат со она што го учат и на тој начин полесно го совладуваат материјалот.

Оваа учебна година во СОУ „Коле Нехтетнин“ имаше најголем интерес за запишување на средношколци во прва година во електро-машинските струки. вдј/дма/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан