• сабота, 23 ноември 2024

Штипските ученици и деца со посебни потреби со песна и изработки го означија доаѓањето на пролетта

Штипските ученици и деца со посебни потреби со песна и изработки го означија доаѓањето на пролетта
Штип, 22 март 2022 (МИА) - Ученици од ООУ „Ванчо Прќе“, како и децата со посебни потреби од дневните центри денеска на плоштадот „Слобода“ во Штип го одбележаа доаѓањето на пролетта. Општина Штип традиционално објави конкурс на кој се наградуваа најдобрите изработки на децата со посебни потреби, а во изработките на дела беа вклучени и учениците од средното текстилно училиште во Штип. -Традиционално и оваа година, во чест на Денот на пролетта – 22 март, Општина Штип објави јавен конкурс за децата со попречености за изработки од рециклиран материјал на тема „Боите на пролетта“. Целта на овој настан е социјализација и активирање на децата со попречености. Пристигнаа 56 изработки, а од страна на жири комисијата беа избрани најубавите творби, истакна Вања Џамбазова -Николовска, соработник за социјална, детска и здравствена заштита при Општина Штип. Учениците од средното текстилно училиште СОУ „Димитар Мирасчиев“ по повод Денот на пролетта изработија  еко – торбички со порака за заштита на животната средина. - Требаше време, прво се кроеше, шиеше, па цртање, рече ученичката Магдалена Столеска. Програмата се организира десетта година по ред од страна на Општина Штип. Истовремено, на плоштадот имаше поставено дела на учениците кои се продаваа по симболична цена, на тема „Боите на пролетта“. вдј/вј/  

Остани поврзан