• недела, 22 декември 2024

Штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ прва културна институција со сончева централа на покривот

Штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ прва културна институција со сончева централа на покривот

Штип, 24 февруари 2023 (МИА) - На покривот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе се постави првата сончева централа на една културна институција во земјата. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков, на денешната прес-конференција истакна дека инвеститорот ќе има обврска да го санира покривот на објектот, а потоа да ги постави панелите за сончевата централа. Проектот е насловен „Енергетски ХАБ“ во Штип.

- Согледувајки ги состојбите овие две години како директор во НУЦК „Ацо Шопов“ Штип и неговата положба и проблемите со кои се соочувал во минатото и денес, а имајќи ја предвид националната стратегија на Министерството за култура, а со цел каде сакаме да го гледаме нашиот центар во иднина или следните 40 години, потребата од модернизација на условите за работа, какпацитетитe и воедно повиски стандарди, по една година работа истражување и подготовки веќе имаме јасна слика од каде да тргнеме и како да ги досигнеме овие цели, вели Трајков.

Посочи дека првата соларна централа со инсталирана моќност е 220 - 290 kwh со можност за надградување во иднина.

-Обезбедено ќе е вложување од приближно 200.000,00 евра од  страна приватниот инвеститор. Обезбедени ќе се континуирани приходи од закуп на кровната површина во следните 25 години, со што ќе се пренаменуваат во иднина во подобрување на условите од Центарот за култура. Обезбедена е соларна централа од  40 kwh инсталирана моќност за сопствени потреби со што ќе доведе да можеме да имаме помали сметки за струја и подобри услови при следењето и создавањето на културните настани, рече Трајков.  

Забележа дека во делот на екологијата и жовотната средина ќе придонесат за намалување од два до пет тони CO2 или јаглерод диоксид  со што какошто вели ќе придонесат за почиста и здрава животна средина  во Штип.Воедно овој Енергетски хаб во Штип  ќе генерира нови приходи и  даноци во Општината и државата но и ќе потикне отварање на нови работни места. Градежните активности се очекуваат да почнат во март, а веќе во октомври се очекува да почне со производство на енергија од оваа прва сончева централа на кров на една културна институција. вдј/сст/

Остани поврзан