• понеделник, 23 декември 2024

Штипскиот Универзитет отвори Тренинг центар за студентите

Штипскиот Универзитет отвори Тренинг центар за студентите

Штип, 28 март 2023 (МИА) - Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип денеска го отвори Тренинг центарот за студентите.

Кристина Серафимовска, вработена во УГД-Штип истакна дека овој центар, кој е на иницијатива на ректорот, Дејан Мираковски е наменет за студентите и во него ќе се одржуваат работилници, семинари и обуки.

-Денеска на отворањето учествуваат студенти од повеќе факултети, со различни теми и содржини. Факултетот за туризам и бизнис логистика е претставен со видео презентација, вели Серафимовска.

Во рамки на Тренинг центарот беше промовирана Правната клиника.

Универзитетскиот професор на Правниот факултет, Милица Шутиновска вели дека Правната клиника на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од денеска е сместена во новиот Тренинг центар.

Шутова вели дека Правната клиника е регистрирана согласно Законот за бесплатна правна помош и во неа студентите од Правниот факултет ќе ја реализираат практичната настава. Посочи дека обврска ќе им биде да помогаат на социјално загрозените семејства.

Гоце Гоцевски, национален соработник во Советот на Европа истакна дека отварањето на Правната клиника е можност за студентите директно да се запознаат со случаите и да имаат практична работа.

Во рамки на Тренинг центарот свои презентации имаа и студентите од Ликовната и Музичката академија, Технолошко-техничкиот факултет.

Отворањето на овој центар е во рамки на одбележувањето на 16 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. вдј/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан