• вторник, 17 декември 2024

Штипскиот Универзитет ,,Гоце Делчев" ќе поставува фотоволтаици на објектите

Штипскиот Универзитет ,,Гоце Делчев
Штип, 8 октомври 2022 (МИА) - Нема да дојде до целосно затворање на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип поради енергетската криза, смета ректорот Дејан Мираковски.Тој оценува дека универзитетскиот буџет е во солидна кондиција. -Засега не се планираат никакви промени во начините на функционирање, ќе пробаме распоредите да ги направиме флексибилно. Се надевам дека нема да дојде до тоа, но цените се непредвидливи, иако Универзитетот е во солидна кондиција. Не би требало да ни се случи да мораме да затвориме заради недостиг на енергија или да не може да си ги подмириме трошоците за енергија, вели Мираковски Посочи дека веќе презема мерки за ублажување на последиците од енергетската криза. Поставувањето фотоволтаици иако е долг процес, ќе се случи на сите објекти коишто се директно зависни од електричната енергија. Во објектите коишто се греат на нафта, Мираковски не очекува проблеми. -Меѓутоа, веќе правиме одредени активности и програми како одговор на кризата. Веќе инициравме промени во планот за набавки, дадовме да се проектираат фотоволтаични централи, ќе почнеме да ги инсталираме. Треба време за сето тоа, меѓутоа планираме да почнеме релативно брзо во сите објекти во кои сме директно зависни од електрична енергија. Објектите во коишто греењето е на нафта, верувам дека без проблем ќе функционираат, тоа е веќе обезбедено, но во меѓувреме ќе работиме и на озеленување на целиот Универзитет или некоја енергетска независност на објектите и мислам дека тие инвестиции бргу ќе ни овозможат да ја немаме оваа дискусија како проблем, додава Мираковски. Што се однесува за спортската сала „Јордан Мијалков“, вели, во неа одвивањето на спортските активности, веројатно, ќе претрпи некои промени, меѓутоа нема да доживее целосен застој. Одлуката ќе се донесе во соработка со спортски клубови и факултетите. вдј/вг/

Остани поврзан