• вторник, 24 декември 2024

Штипската спортска сала „Јордан Мијалков“ подготвена за масовна имунизација на граѓаните од два региони

Штипската спортска сала „Јордан Мијалков“ подготвена за масовна имунизација на граѓаните од два региони
Штип, 26 април 2021 (МИА) - Спортската сала „Јоран Мијалков“ е подготвена за масовна имунизација на населението од источниот и југоисточниот регион. Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов информираше дека вакциналниот пункт има 22 пункта за вакцинација, опремени со масички за лекови и две столчиња за граѓани и персонал. Во салата се поставени и 80 столчиња за граѓаните кои 15 минути остануваат во салата по примената вакцина. -Поставени се и пунктови за припрема на вакцините, за прва медицинска помош, приемен дел за отворање на вакцинален картон, заверка после вакцинација,  разделен дел за влез и излез за вакцинација, паркинг места за сите кои доаѓаат за вакцинација, вели Николов. Граѓаните кои ќе пристигнуваат од другите градови од двата региони лесно ќе пристигнуваат до салата „Јордан Мијалков“, бидејќи поставени се сообраќајни патокази низ градот, за насочување кон пунктот за масовна вакцинација. -Благодарност до приватниот сектор, кој несебично помага на граѓаните на Општина Штип. Во време на ваква светска пандемија, покажавме дека штипјани се солидарни и хумани граѓани кои сплотено и заедно си помагаат еден на друг, вели Николов. Во опремување на пунктот помогнале околу 30 штипски компании, кои покажале дека се општествено одговорни. Во тек е имунизацијата на населението на пунктот во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“. Дијана Коцева-Миланова одговорен лекар на пунктот за имунизација вели дека до денеска се аплицирани 740 вакцини на „Астра Зенека“, остануваат уште 90 вакцини на располагање. Во текот на утрешниот ден медицински сестри од штипскиот Здравен дом заминуваат на обука за аплицирање на вакцината „Фајзер“. По празниците се очекува да стартува и масовната имунизација на населението во салата „Јордан Мијалков“. вдј/аа/    

Остани поврзан