• понеделник, 18 ноември 2024

Шри Ланка избра нов претседател

Шри Ланка избра нов претседател

Коломбо, 22 септември 2024 (МИА) - Шри Ланка за нов претседател го избра марксистичкиот Анура Кумара Дисанајаке (55), кој ветува дека ќе се бори против корупцијата и ќе го поттикне кревкото економско закрепнување по најтешката финансиска криза во последните децении.

Дисанајаке ги победи актуелниот претседател Ранил Викремесинге и лидерот на опозицијата Саџит Премадаса и стана 10-ти претседател на Шри Ланка.

Изборите, исто така, претставуваа референдум за Викремесинг кој го води кревкото закрепнување на силно задолжената земја од економскиот колапс во 2022 година.

Дисанајаке доби три отсто од гласовите на последните избори.

Мерките за штедење кои беа клучни за тоа закрепнување придонесоа за нејзиниот пораз.

Тој заврши на третото место со 17 отсто од гласовите.

Дисанајаке освои 5,6 милиони или 42,3 отсто од гласовите, што е огромен скок од три отсто што ги доби на последните претседателски избори во 2019 година.

Премадаса беше втор со 32,8 отсто по првиот круг пребројување на гласовите.

По втор пат во историјата на Шри Ланка, претседателската трка беше решена со втор круг на броење, откако двајцата водечки кандидати не ги освоија потребните 50 отсто од гласовите за да бидат прогласени за победници на изборите. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан