• понеделник, 23 декември 2024

Шпанската Влада предлага мерки за борба против климатските промени

Шпанската Влада предлага мерки за борба против климатските промени
Мадрид, 21 јануари 2020 (МИА) - Шпанската Влада денеска официјално прогласи „климатска криза“ и предложи мерки за борба против климатските промени, кои, меѓу другото, вклучуваат и големи задолжителни зони со ниска емисија на гасови во поголемите градови. Таквите зони, кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на воздухот со намалување на возилата во урбаните области, веќе дадоа резултати во Барселона и Мадрид, како и во многу градови низ светот. Министерката за животна средина Тереза Рибера на седница на Владата истакна дека според новиот закон, сите урбани области во градовите со над 50.000 жители ќе мора да имаат зони со ниска емисија на гасови. Мерките ќе бидат испратени во Парламентот во наредните 100 дена. јт/  

Остани поврзан