• понеделник, 23 декември 2024

Шпанската влада го повика Рубијалес да се повлече од функцијата претседател на фудбалската федерација

Шпанската влада го повика Рубијалес да се повлече од функцијата претседател на фудбалската федерација

Мадрид, 25 август 2023 (МИА) - Вториот вицепремиер на Шпанија ја повика владата да го разреши претседателот на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) Луис Рубијалес поради скандалот со бакнувањето.

 

Самиот Рубиалес изјави дека нема да ја напушти функцијата и „ќе се бори до крај“.

 

Претходно се дозна дека ФИФА отвори дисциплинска постапка против 45-годишниот Рубиалес.

 

За време на церемонијата на доделување награди по финалето на Светското првенство во 2023 година, во кое женската репрезентација на Шпанија ја победи селекцијата на Англија (1:0), Рубијалес, фаќајќи ја главата на фудбалерката Џенифер Хермосо, ја бакна во усните, а потоа ја потапка по грбот.  Девојката подоцна изјавила дека не и се допаѓа бакнежот на Рубијалес.

 

Подоцна претседателот на федерацијата се извини за својата постапка. зс/

 

Фото: Твитер

Остани поврзан