• четврток, 26 март 2026

Шпанија ја продолжи серијата без пораз на 29 натпревари

Шпанија ја продолжи серијата без пораз на 29 натпревари

Ваљадолид, 15 октомври 2025 (МИА) - Шпанија ја продолжи својата серија без пораз на официјални натпревари на 29 натпревари.

Шпанците синоќа во Ваљадолид ја совладаа Бугарија со 4:0 во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Во овој период, Шпанија победи на 24 натпревари и одигра пет средби нерешено.

„Црвената фурија“ постигна сличен подвиг помеѓу 2010 и 2013 година.

Шпанија моментално е прва во Групата Е од квалификациите за Светското првенство 2026 година, со 12 бода од четири натпревари. Тие ќе играат против Грузија на гости на 15 ноември. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан