• недела, 23 јуни 2024

Шпанија ја освои Лигата на нации

Шпанија ја освои Лигата на нации

Ротердам, 18 јуни 2023 (МИА) – Репрезентацијата на Шпанија вечерва во Ротердам во финалето на Лигата на нации ја победија Хрватска со 5:4 по изведување пенали. 

 

По основните 90 и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 0:0.

 

Шпанците победија во пенал-рулетот со 5:4. Шпанскиот голман Унаи Симон ги одбрани ударите на Мајер во четвртата и на Петковиќ во шестата серија. Лапорт не погоди во петтата серија за победничкиот тим.

 

Ова е трето издание на фудбалската Лига на нации. Во претходните две шампионскиот трофеј во најквалитетната, А-дивизија ги освоија Португалија и Франција. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан