• петок, 05 декември 2025

Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на снабдувањето со електрична енергија во целата земја

Шпанија прогласи вонредна состојба по прекинот на снабдувањето со електрична енергија во целата земја

Мадрид, 28 април 2025 (МИА) - Шпанското Министерство за внатрешни работи денеска прогласи вонредна состојба по прекинот на снабдувањето со електрична енергија што го зафати целиот Пиринејски Полуостров.

Министерството додаде дека вонредната состојба ќе биде воведена во сите региони на земјата што го побарале тоа. Мадрид, Андалузија и Екстремадура досега побараа од централната влада да ја преземе контролата врз јавниот ред и други функции.

Шпанското Министерство за внатрешни работи, исто така, ќе распореди 30.000 полицајци за да ја зајакне безбедноста низ целата земја.

Во меѓувреме, Службата за аеродроми и воздушна навигација на Португалија соопшти дека не очекува полетувања од Лисабон до 22 часот по локално време поради прекинот на снабдувањето со електрична енергија. Аеродромите во Порто и Фаро продолжуваат да работат со ограничен режим. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан