Шон Конери починал од пневмонија
- Шон Конери почина во сон пред еден месец, а причините за смртта се објавени вчера.

Насау, 30 ноември 2020 (МИА) - Шон Конери почина во сон пред еден месец, на 31 октомври, во домот во Насау, на Бахамите, а причините за смртта се објавени вчера.
Имено, славниот пензиониран шкотски глумец починал поради пневмонија, респираторна и срцева слабост и поради старост.
Глумецот беше на 90-годишна возраст. си/гт/