Шолц: Путин однапред ја испланира војната против Украина
- Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин одлуката за напад врз Укриана ја донел најмалку две години пред 24 февруари 2022 година
Берлин, 14 јануари 2026 (МИА) - Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин одлуката за напад врз Укриана ја донел најмалку две години пред 24 февруари 2022 година.
- Денес сум цврсто убеден дека Путин го испланира својот напад однапред и речиси ништо не можеше да го одврати од тоа - истакна Шолц.
Тој додаде дека Путин можеше да ги реализира сериозните барања, како што е одбивање на членството на Украина во НАТО или распоредување ракети со долг дострел на украинска територија, без вооружен судир.
- Сето тоа можеше да се постигне без војна и на крајот Украинците ќе се согласеа како сите ние. Тоа значи дека тој сакаше војна - посочи Шолц. ми/ссм/
фото: МИА архива