Шолц го отфрли барањето на Трамп земјите-членки на НАТО да потрошат пет отсто од БДП за одбрана
- Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го отфрли барањето на идниот американски претседател Доналд Трамп, Германија и другите земји-членки на НАТО да потрошат пет отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана, јави ДПА.
Берлин, 13 јануари 2025 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го отфрли барањето на идниот американски претседател Доналд Трамп, Германија и другите земји-членки на НАТО да потрошат пет отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана, јави ДПА.
„Пет проценти би биле над 200 милијарди евра (204 милијарди долари) годишно, а федералниот буџет не е ни 500 милијарди евра. Ова би било можно само преку големо зголемување на даноците или огромни намалувања на работите кои се многу важни за нас“, рече Шолц на изборен митинг во централниот германски град Билефелд.
Тој додаде дека Германија ќе се придржува до сегашната цел на трошење на НАТО од најмалку два отсто од БДП. Минатата година Берлин го достигна овој процент за првпат од крајот на Студената војна. НАТО ја постави целта од два отсто во 2014 година. рп/
Фото: МИА архива