• понеделник, 23 декември 2024

Шоле повика на намалување на тензиите меѓу Србија и Косово

Шоле повика на намалување на тензиите меѓу Србија и Косово

Вашингтон, 27 септември 2023 (МИА) - Високиот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, побара од Косово и Србија да ги намалат тензиите и да се вратат на дијалогот за нормализација на односите.

Разговорите на високиот американски функционер со лидерите на Косово и Србија уследија по нападот врз косовската полиција во неделата, во Бањска, кај Звечан, јави МИНА.

Шоле кажа дека за време на разговорот со косовскиот премиер, Албин Курти, го осудил „страшниот напад“ во неделата и насилството врз косовската полиција, пренесе Радио Слободна Европа.

„Двете страни мора да се вратат на дијалогот со посредство на Европската унија (ЕУ) и да ги спроведат охридските обврски“, напиша Шоле на социјалната мрежа Х.

Со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тој разговарал и за важноста од итна деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

Шоле замоли да се избегнуваат активности што би можеле дополнително да ги зголемат тензиите.

„Трагичната загуба на животи ја нагласува итната потреба за враќање на мирот и враќање на дијалогот со посредство на ЕУ“, додаде Шоле. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан