Шкупи го доби Линколн за противник во првото квалификациско коло од ЛШ
- Екипата на Линколн од Гибралтар е ривалот на Шкупи во првото коло во квалификациите за Лигата на шампионите. Вака одлучи денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Нион, 14 јуни 2022 (МИА) - Екипата на Линколн од Гибралтар е ривалот на Шкупи во првото коло во квалификациите за Лигата на шампионите. Вака одлучи денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Првиот натпревар ќе се игра на 5 или 6 јули, реваншот ќе биде на 12 или 13 јули.
Македонскиот фудбалски шампион првиот меч ќе го игра на домашен терен во Скопје.
Тимот од Чаир е фаворит во пресметката со Линколн, кој беше најпосакуваниот противник од можните ривали во третата група. зс/