• понеделник, 18 ноември 2024

Шкријељ: Нема да дозволиме некој да печали на грбот на граѓаните во оваа тешка криза

Шкријељ: Нема да дозволиме некој да печали на грбот на граѓаните во оваа тешка криза

Скопје, 15 март 2023

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ во емисијата „10 минути“ на ТВ21 истакна дека мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи се случува токму сега бидејќи владата се држеше до договорот за вклучување на компаниите на субвенционираниот пазар на струја, што требаше да резултира со намалување на цените.

Нема да дозволиме некој да печали на грбот на граѓаните во оваа тешка криза, која несомнено нé погодува сите. Испекторите, институциите ќе си бидат на терен, но верувам дека компаниите ќе го почитуваат замрзнувањето на цените, истакна Шкријељ, додавајќи дека замрзнувањето на цените сега, како и претходно за лебот е направено по детални анализи, кои обезбедуваат компаниите и понатаму да си имаат заработувачка и со ваквите цени.

Шкријељ потсети дека изминатиот период владата усвои пакет мерки во вредност од 760 милиони евра директна поддршка на компаниите и на граѓаните, особено на најранливите.

Оваа мерка е за поддршка и за заштита на стандарот на граѓаните, не е против никого, владата ќе продолжи со мерки коишто значат поддршка на компаниите, но граѓаните се на прво место, нагласи Шкријељ.

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ истакна дека фокус и приоритет е заштита на најранливите категории граѓани.

Наша примарна цел овој изминат период е заштита и поддршка на најранливите категории наши сограѓани, нагласи Шкријељ, додавајќи дека изминатиот период беа релизирани повеќе мерки за примателите на гарантирана минимална помош, кои за вистинско извлекување од сиромаштија треба да бидат вклучени на пазарот на труд, на што се фокусирани оперативните мерки за вработување во оваа година.

Пратеничката Шкријељ истакна дека сега пензиите се зголемуваат за 8,4 отсто, а во 2017 година предизвик беше да се стабилизира пензискиот фонд, кој се наоѓаше пред финансиско цунами.

Со мерките и реформите го стабилизравме фондот и тоа овозможи да дојдеме до системско решение кое значи континуиран раст на пензиите што не зависи од политичката волја на која било влада. Сега растот на минималната плата и пензиите само се утврдува согласно порастот на платата и трошоците на живот, истакна Шкријељ.

Пратеничката нагласи дека следен чекор и предизвик е утврдување на ниво на минимлана пензија, на ниво што ќе обезбеди достоинствено живеење.

Главна порака е дека од 2017 година имаме политика на континуиран раст на плати и системски решенија кои не зависат од политичка волја. Апсолутно тука нема да се застане. Секоја година во март месец ќе има зголемување на минимална плата, нагласи Шкријељ.

Таа потсети дека неколку години наназад имаше минимална палта од 8.000 денари, додека вработените во текстилната и кожарската индустрија работеа за 6.000 денари.

Од 2017 нема година во која нема раст на минималната плата и така и ќе продолжи. СДСМ како мнозинство и оваа Влада покажа дека основата цел е да се унапреди животниот стандард на граѓаните, порача пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

ФОТО: Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Остани поврзан