• вторник, 24 декември 2024

Шкриељ: СДСМ не дозволи профитерство врз грбот на народот, со одлуката за лебот ги заштитивме граѓаните

Шкриељ: СДСМ не дозволи профитерство врз грбот на народот, со одлуката за лебот ги заштитивме граѓаните

Скопје, 4 март 2023 

СДСМ не дозволи профитерство врз грбот на граѓаните во време на криза.Со одлуката за цената на лебот од најмногу 33 денари ги заштитивме граѓаните и стандардот.Од денеска и производите на големите пекарници кои два дена ја бојкотираа оваа обврска се доставуваат до сите маркети со продажна цена од најмногу 33 денари.Имајќи ги предвид повластената цена на електричната енергија, цените на пченицата, на природниот гас и горивата, цената од 33 денари е фер и во неа е вклучена и заработката на пекарниците.Разгледуваме опции и за замрзнување на цените и на други основни продукти. Граѓаните, за нас секогаш се на прво место.Ќе остане завележано дека единствени противници за мерката за леб од 33 денари и кои застанаа зад профитерите беа ВМРО-ДПМНЕ и Левица.Кризните прифитери треба да се засрамат.СДСМ е тука за граѓаните, продолжуваме со мерки и политики кои го штитат и унапредуваат стандардот на домаќинствата.

 Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото СДСМ

 

Остани поврзан