• петок, 20 декември 2024

Шкода ќе запре со производство на Фабиа Комби

Шкода ќе запре со производство на Фабиа Комби
Прага, 24 август 2021 (МИА) - Чешкиот автомобилски гигант Шкода наскоро ќе престане да произведува автомобили Фабиа Комби, објави чешката телевизија, повикувајќи се на раководството на компанијата. Одлуката е донесена во врска со потребата од спроведување на планови за зголемување на производството на електрични возила. Производството на Фабиа Комби ќе мора да запре најдоцна до 2023 година. Шкода ќе продолжи да ги произведува моделите Фабија, со исклучок на Комби, кои ќе бидат опремени со мотори што ги задоволуваат зголемените еколошки барања. Хечбек и седан типовите на каросерии ќе бидат задржани. ссм/  

Остани поврзан