• понеделник, 01 јули 2024

Шкендија ги дозна противниците на стартот од Лигата на шампиони

Шкендија ги дозна противниците на стартот од Лигата на шампиони
Нион, 14 јуни 2021 (МИА) – Фудбалерите на македонскиот првак Шкендија ги дознаа вечерва потенцијалните противници за 1. квалификациско коло Лигата на шампиони (ЛШ) Шкендија ја дочекува утрешната жрепка во Нион како носител во групата 2. и на отворањето на новата сезона во ЛШ ќе игра против ХЈК Хелсинки (Финска), Конах’с Квеј Номадс (Велс), Мура (Словенија) или Борац Бања Лука (БиХ). Првите натпревари се на програмата на 6 и 7, а реваншите на 13 и 14 јули. Поразените екипи во 1. квалификациско коло во ЛШ го продолжуваат европскиот настап во 2. квалификациско коло во новоформираната Конференциска лига на УЕФА.ег/свс/

Остани поврзан