• петок, 22 ноември 2024

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето даваат добри резултати во Скопје

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето даваат добри резултати во Скопје
Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) - Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа е добро затоа што бројките покажуваат нешто многу поразлично од тоа што го покажувале пред четири години. Сепак, мора да бидеме свесни дека проблемот за загадувањето во Скопје не може целосно да се реши со краткорочни, ниту среднорочни активности. Но, преземањето на комплементарни мерки кои ќе ги третираат најголемите загадувачи е пристапот за кои сме сведоци дека доведува до позитивни резултати и пад на загадувањето, истакна кандидатот и актуелен градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов. - Бројките покажуваат дека последните четири години, нивото на ПМ10 честички е во постојан пад, а на годишно ниво количеството на овие честички дојдоа речиси до граничната вредност од 40 μg/m3. Ако во 2016 имало 71,91 ПМ10 μg/m3, во 2020 беа 47,70 ПМ10 μg/m3. Иако се верува дека метеоролошките прилики се тие кои значително влијаат на квалитетот на воздухот, на годишно ниво, брзината на ветерот и температурата биле со речи си константни вредности, а количеството на врнежи не е пропорционално со падот на загадувањето, рече тој. Земајќи ги предвид најголемите загадувачи, посочи тој, односно затоплувањето на домаќинствата, сообраќајот, прашината создадена од неуредените површини, уличната прашина и прашината од градежните активности и индустријата, последните четири години воведени се низа мерки кои влијаеја токму на нив. Потенцира дека се преземени многу мерки: субвенции за купување инвертери, нови автобуси на гас, користење на новиот инсенератор за третирање на медицинскиот отпад во Дрисла, засилени инспекциски контроли, подигање на нови зелени површини, кампања за пријавување на огнови на отворено преку телефонот 193, расчистување на дивите депонии, расчистување на стрништата, субвенции за велосипеди, електрични тротинети, за чистење на оџаци. - Овие мерки се рефлектираа во: А се рефлектираа во: 8.000 активни оџаци помалку во Скопје, 100-ина заменети котли за греење на државни згради, 33 еколошки автобуси на ЈСП, 3.000 m3 подигнати стрништа, затворени сите диви депонии во градскиот урбан опфат, 300.000 м2 ново зеленило и над 20.000 нови садници. Да не заборавиме дека градежните активности на Градот не се мегаломански и непотребни проекти кои дополнително го задушуваат нашиот град и неговиот воздух. Овие бројки се доказ дека се движиме во вистинскиот пат кога станува збор за загадувањето и мојата намера, нашата намера е да продолжиме во таа насока. Скопје заслужува издржан и континуиран пристап во неговото развивање. Скопје го заслужува најдоброто, рече Шилегов.фф/са/

Остани поврзан