• петок, 22 ноември 2024

Шилегов: В недела изберете развој на Скопје и демократска и отворена власт

Шилегов: В недела изберете развој на Скопје и демократска и отворена власт
Скопје, 29 октомври 2021 (МИА) - Скопје за четири години доживеа целосна промена и тргна во правилна насока. Тоа е она што го нудам во следниот мандат, да го завршиме започнатото и да изградиме европски и чист град со модерен јавен транспорт и квалитетна инфраструктура, изјави актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов. Во своето видео обраќање, Шилегов ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање во недела, на 31 октомври. - Вие одлучувате дали заедно ќе продолжиме по патот кој јасно го зацртавме, патот на развојот, демократијата, сигурноста, стабилноста и вистинските приоритети, или ќе се вратиме во времето на митови, лаги, страв, закани, криење од јавноста и злоупотреби на градот за приватни цели, вели тој. Тој дополнува дека в недела граѓаните избираат помеѓу развојот на Скопје кој, како што вели, „го започнавме заедно“, отворена и демократска власт или предавање на Скопје на истите луѓе кои, според него, со децении го уништуваа и работеа само за свој личен интерес. ар/сп/ https://www.youtube.com/watch?v=-7cdNk_Ua6E

Остани поврзан