Шефот на Шин Бет го најави своето повлекување од функцијата
- Шефот на израелската разузнавачка служба Шин Бет, Ронен Бар најави дека ќе се повлече од својата функција на 15 јуни, наведувајќи лична одговорност за неуспехот на агенцијата да спречи напад од палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври.

Тел Авив, 28 април 2025 (МИА) - Шефот на израелската разузнавачка служба Шин Бет, Ронен Бар најави дека ќе се повлече од својата функција на 15 јуни, наведувајќи лична одговорност за неуспехот на агенцијата да спречи напад од палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври.
Зборувајќи на комеморацијата за паднатите офицери на Шин Бет, Бар рече дека по години операции на многу фронтови, агенцијата „не успеала да обезбеди рано предупредување“ тој ден.
„Сите системи потфрлија... На оваа посебна вечер, која симболизира сеќавање, храброст и жртва, решив да го објавам исполнувањето на таа одговорност и мојата одлука да го завршам мојот мандат на чело на Шин Бет. Мојата љубов кон татковината и лојалноста кон државата беа основа на секоја професионална одлука што ја донесов“, рече Бар, пренесува „Тајмс оф Израел“. рп/
Фото: ЕПА