• петок, 05 декември 2025

Шефот на мисијата ЕУЛЕКС во Косово го осуди полицискиот напад врз српски матурант

Шефот на мисијата ЕУЛЕКС во Косово го осуди полицискиот напад врз српски матурант

Приштина, 23 мај 2025 (МИА) - Шефот на мисијата ЕУЛЕКС на Косово, Џовани Пјетро Барбано, денеска изјави дека е длабоко шокиран и ја осуди прекумерната употреба на сила од страна на косовската полиција против матурант во Северна Митровица.

„Ја пренесов мојата загриженост до властите во косовската полиција и сум убеден дека одговорните за тој неприфатлив чин ќе бидат повикани на одговорност во согласност со законот“, објави Барбано на социјалната мрежа X.

Матурант кој го славеше крајот на школувањето со други ученици во средно училиште во Косовска Митровица беше нападнат од припадници на косовската полиција, а на социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како припадници на косовската полиција го туркаат, провоцираат и стискаат средношколецот за вратот со рацете. зш/

Остани поврзан