Шефот на конференцијата во Минхен не ја исклучува можноста Џеј-Ди Венс да најави повлекување на американските трупи од Европа
- Шефот на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ), Кристоф Хојсген изјави дека не ја исклучува можноста американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс да објави масовно повлекување на американските трупи од Европа за време на форумот.
![Шефот на конференцијата во Минхен не ја исклучува можноста Џеј-Ди Венс да најави повлекување на американските трупи од Европа](https://mia.mk/images/20250214143748_big_730x400_90.webp )
Минхен, 14 февруари 2025 (МИА) - Шефот на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ), Кристоф Хојсген изјави дека не ја исклучува можноста американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс да објави масовно повлекување на американските трупи од Европа за време на форумот.
Во врска со војната во Украина и можното повлекување на американските војници, Хојсген истакна дека ова е часот на Европа. „Подготвени сме да се справиме со големите предизвици и мора да направиме повеќе за одбраната“, истакна тој.
За време на предизборната кампања во САД, Трамп постојано го доведуваше во прашање степенот на посветеноста на неговата земја кон НАТО и навести дека ќе очекува значителни промени во однесувањето на меѓународните партнери. мс/
фото: ЕПА