Шефот на израелската дипломатија ги откажа сите средби со Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци
- Шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, денеска го повика шефот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, да поднесе оставка по обвинувањата на Израел дека 12 негови вработени се вмешани во нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври.
Ерусалим, 29 јануари 2024 (МИА) - Шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, денеска го повика шефот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, да поднесе оставка по обвинувањата на Израел дека 12 негови вработени се вмешани во нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври.
-Само што ги откажав средбите на шефот на УНРВА Филипе Лазарини со претставници на Министерството в среда. Лазарини треба да донесе заклучоци и да поднесе оставка. Овде не се добредојдени поддржувачите на тероризмот, објави Кац на платформата „X“.
Во саботата Кац ги повика ОН „да преземат итна акција“ против раководството на УНРВА. Лазарини во саботата рече дека највисоките истражни тела во ОН веќе презеле акција и дека претстои независна проверка од надворешни експерти. мс/
фото: „Х“