• петок, 18 октомври 2024

Шефот на дипломатијата на Израел во писмо до колеги од светот потврдува дека е убиен лидерот на Хамас

Шефот на дипломатијата на Израел во писмо до колеги од светот потврдува дека е убиен лидерот на Хамас

Тел Авив, 17 октомври 2024 (МИА) - Во пораката до десетици министри за надворешни работи ширум светот, министерот за надворешни работи Израел Кац потврдува дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар е убиен, со што стана првиот израелски официјален претставник што го сторил тоа.

„Масовниот убиец Јахја Синвар, кој е одговорен за масакрот и злосторствата на 7 октомври, е убиен денеска од војници на ИДФ“, вели Кац, соопшти неговиот Кабинет.

„Ова е големо воено и морално достигнување за Израел и победа за целиот слободен свет против злобната оска на радикалниот ислам предводена од Иран“, продолжува тој.

Кац вели дека убиството „создава можност“ за веднаш да се извлечат заложниците и да се создаде Газа ослободена од Хамас и иранска контрола.

„На Израел му треба вашата поддршка и помош сега повеќе од кога било за да ги унапредат овие важни цели заедно“, завршува Кац во писмото. зш/

Остани поврзан