• петок, 22 ноември 2024

Шефот за итни случаи во Мауи поднесе оставка по критиките за предупредување од шумскиот пожар

Шефот за итни случаи во Мауи поднесе оставка по критиките за предупредување од шумскиот пожар

Лахаина, 18 август 2023 (МИА) - Директорот на Агенцијата за вонредни состојби во Мауи, Херман Андаја денеска поднесе оставка, еден ден откако изјави дека не жали што не користел сирени за да ги предупреди жителите за шумскиот пожар во кој загинаа најмалку 111 луѓе.

Одлуката на Агенцијата, заедно со недостигот на вода што ги спречи пожарникарите да го изгаснат пожарот и блокирањето на рутата за евакуација, предизвика остри критики кај жителите на островот, јавија американските медиуми.

-Градоначалникот Ричард Бисен ја прифати оставката на Андаја која стапува на сила веднаш, објави округот Мауи на Фејсбук. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан