• петок, 05 декември 2025

Шефот за безбедност на Русија во нова посета на Северна Кореја

Шефот за безбедност на Русија во нова посета на Северна Кореја

Москва, 17 јуни 2025 (МИА) - Шефот на рускиот Безбедносен совет, Сергеј Шојгу, пристигна денеска во Северна Кореја за да се сретне со лидерот Ким Џонг Ун по вторпат за помалку од две недели, објавија руските медиуми.

Северна Кореја стана еден од главните сојузници на Русија за време на повеќе од три години офанзива на Москва врз Украина.

Шојгу, секретарот на Советот за безбедност на Русија, „пристигна во Пјонгјанг по посебна наредба од рускиот претседател Владимир Путин за размена на информации со севернокорејските претставници во рамките на спроведувањето на договорите постигнати за време на неговата последна посета на 4 јуни“, објавија руските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан