• сабота, 21 декември 2024

Шефовите на дипломатиите на Кина и Русија разговараа за војната во Украина и тензиите меѓу двете Кореи

Шефовите на дипломатиите на Кина и Русија разговараа за војната во Украина и тензиите меѓу двете Кореи

Рио де Жанеиро, 19 ноември 2024 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Кина и Русија разговараа за војната во Украина и тензиите меѓу двете Кореи на маргините на самитот на Г20 во Бразил.

Ванг Ји и Сергеј Лавров се сретнаа во Рио де Жанеиро и „размениле мислења за кризата во Украина и ситуацијата на Корејскиот полуостров“, објави кинеската државна телевизија.

Кина е „подготвена да работи со Русија за натамошно зајакнување на стратешката соработка“, рече Ванг Ји.

Како што пренесуваат агенциите, Пекинг и Москва се зближија од почетокот на војната во Украина. Кина се претставува како неутрална страна во овој конфликт, иако многу западни земји го обвинуваат Пекинг дека му дава премолчена поддршка, економска и политичка, на својот сојузник.

Кина се воздржува од коментирање на одлуката на Северна Кореја да испрати воена помош за Русија. Меѓутоа, минатата недела претседателот Си Џинпинг го предупреди својот американски колега Џо Бајден дека Пекинг ќе ги брани своите интереси на Корејскиот полуостров.

Минатата недела Си Џинпинг го увери Џо Бајден дека Пекинг нема да дозволи дестабилизација на Корејскиот полуостров, објави Ксинхуа. „Кина нема да стои со скрстени раце доколку се загрозени нејзината стратешка безбедност и основните интереси“, предупреди кинескиот претседател. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан