• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шефовите на Борусија Дортмунд сакаат Нико Ковач да остане тренер на тимот

Шефовите на Борусија Дортмунд сакаат Нико Ковач да остане тренер на тимот

Дортмунд, 26 март 2025 (МИА) - Раководството на Борусија Дортмунд би сакало да го задржи тренерот Нико Ковач, пишува германскиот весник Билд.

Извршниот директор на клубот, Ларс Рикен го појасни ова на состанокот на Надзорниот одбор минатата недела и побара трпение. Според одговорните фактори во Борусија, Ковач веќе променил многу работи во составот, што дозволило помалку прилики за гол и значително повеќе шанси за гол.

Сепак, на сите учесници на состанокот им стана јасно дека доколку не се подобрат резултатите во Бундеслигата, продолжувањето на останувањето на Нико Ковач на функцијата тешко дека ќе биде оправдано.

Во овој случај, раководството на клубот има намера да се раздели со хрватскиот стручњак веднаш по завршувањето на сезоната во германскиот шампионат и тој нема да го води тимот на претстојното Светско клупско првенство. дс

Фото: Архива

Остани поврзан