• петок, 22 ноември 2024

Шест тела на мигранти пронајдени кај брегот на Сицилија

Шест тела на мигранти пронајдени кај брегот на Сицилија

Рим, 8 септември 2024 (МИА) – Италијанската крајбрежна стража пронашла шест тела во близина на брегот на Сицилија, за кои се верува дека се некои од 21 мигрант исчезнати за време на бродоломот на почетокот на овој месец, јавија денеска италијанските медиуми.

Италијанската крајбрежна стража во средата соопшти дека седум мажи, сите сириски државјани, биле извлечени од полупотопен брод југозападно од островот Лампедуза по бродолом.

Преживеаните им кажале на спасувачите дека ја напуштиле Либија на 1 септември и дека 21 од 28-те луѓе на бродот, меѓу кои и три деца, паднале во морето поради невремето. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан