• петок, 22 ноември 2024

Шест странски екипи на Меморијалниот турнир „Драган Василов–Цевка“

Шест странски екипи на Меморијалниот турнир „Драган Василов–Цевка“
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) – Втора година по ред во Скопје ќе се одржи Меморијалниот турнир „Драган Василов – Цевка“. Турнирот ќе се игра од 16 до 18 септември во СЦ „Јане Сандански“. Покрај македонските МЗТ Скопје Аеродром и Вардар, учество на турнирот потврдија и екипите на Цедевита од Хрватска, Црвена ѕвезда и Триумф од Србија, Балкан од Бугарија, Игокеа од Босна и Херцеговина и Будуќност од Црна Гора. - По една година еве тука сме повторно за нашиот Цевка, тука сме заедно за да ги сочуваме тие добри вредности и одлики кој ги поседуваше тој, воедно и да му оддадеме почит. Се надевам дека ова ќе прерасне во континуитет и ќе продолжи со што се отвара и убава можност за промоција на нашата Општина Аеродром, а воедно и нашата земја Република Македонија во регионот па и се надеваме пошироко во иднина. Можеби на овој турнир ќе биде откриен некој голем кошаркарски талент, а воедно и нашите млади кошаркари ќе увидат до каде сме со екипите од регионот, рече Горан Василов, синот на прерано починатиот македонски тренер. Турнирот го помогнаа Општина Аеродром, МОК и Кошаркарската федерација. - Огромна чест и задоволство е за нас како Општина Аеродром е да дадеме максимална поддршка на овој турнир кој што е во чест на една личност која се смета за легенда во македонската кошарка. Нема млад и успешен кошаркар кој немал допир со Цевка. Ме радува дека на турнирот ќе земат учество реномирани екипи. Очекуваме дека овој турнир ќе продолжи и во иднина да функционира и ќа ја има поддршката од нас како општина, истакна Тимчо Муцунски, градоначалник на Аеродром. Поддршка на турнирот даде и Даниел Димевски претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија. - Сигурен сум дека овој турнир ќе продолжи и понатаму и дека ќе прерасне во една традиционална манифестација која сите ние со задоволство ќе ја помагаме. Натпреварите в петок сабота и недела ќе почнуваат во 9:30 часот, финалето е предвидено да се игра на 18 септември со почеток во 12 часот. зс/

Остани поврзан