• петок, 05 декември 2025

Шест медали за македонските каратисти на стартот на Балканското првенство

Шест медали за македонските каратисти на стартот на Балканското првенство

 

Будва, 1 март 2025 (МИА) – Македонските каратисти успешно стартуваа на Балканското сениорско првенство кое се одржува во црногорскиот град Будва, освојувајќи шест медали првиот натпреварувачки ден.

Со златен медал се закити Јована Мицовска, додека Викторија Јовановска освои сребро.

Бронзен медал освоија Михаела Мишовска, Сара Дука, Магдалена Божиновска и Ангела Мојсовска.

Денеска на програмата се борби во машка и кати во женска конкуренција.

На сениорското Балканско првенство во Будва учествуваат 12 држави со вкупно 350 натпреварувачи. ег

ФОТО: КФМ

Остани поврзан