Шест лица исчезнаа на скијање на швајцарските Алпи
- Шест лица исчезнале за време на скијање на швајцарските Алпи, објавија француските медиуми, повикувајќи се на полицијата.

Женева, 10 март 2024 (МИА) - Шест лица исчезнале за време на скијање на швајцарските Алпи, објавија француските медиуми, повикувајќи се на полицијата.
Таа пријавила дека туристите се исчезнати од вчера. Потрагата по нив е отежната поради многу лошите временски услови во областа во југозападниот швајцарски кантон Вале.
Полицијата не соопштува детали за идентитетот на исчезнатите туристи. мс/
фото: МИА архива