• петок, 22 ноември 2024

Шест клуба се спротивставуваат на продолжението на Премиер лигата

Шест клуба се спротивставуваат на продолжението на Премиер лигата
Лондон, 4 мај 2020 (МИА)- Челниците на Премиерлигата даваат се од себе за да го продолжат првенството, но не сите клубови се подготвени да го продолжат натпреварувањето. Според англиските медиуми, Норвич, Астон Вила, Бурнемут, Ватфорд, Вест Хем и Брајтон го саботираат договорот, бидејќи се за опција да се откаже сезоната и да се започне во август од почеток. Ова е разбирливо, бидејќи овие шест екипи ги заземаат последните шест места на табелата и на овој начин би сакале безбедно да го задржат елитниот статус.

Остани поврзан