• понеделник, 18 ноември 2024

Шести конгрес на Сојузот на Ромите

Шести конгрес на Сојузот на Ромите
Скопје, 12 јуни 2021 (МИА) - Сојузот на Ромите од Македонија денеска го одржа шестиот конгрес на партијата на која беше претставена новата партиска програма „Визионерство“ во која се планирани подигнување на нивото на образованието на ромската заедница, домување, поголем пристап до здравствени услуги и развој и промоција на ромската култура, јазик и традиција. Претседател на партијата е Габриел Бајрам, син на Амди Бајрам, кој почина лани. Тој на денешниот конгрес истакна дека ќе се залага за ромските права, за сплотеност и да нема раздор меѓу ромите во земјата, аманет што му го оставил татко му. Бајрам, чија партија е дел од владејачката коалиција, искажа задоволство од соработката со премиерот Зоран Заев бидејќи како што кажа, им помогнал во сите сфери. На Конгресот присуствуваа министерот за здравство Венко Филипче, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и вицепремиерот Љупчо Николовски. Николовски истакна дека Владата се залага за концептот „Едно општество за сите“ што ги обединува сите во државата. -Локалните избори се пред нас и затоа ја праќаме пораката дека тука сме за сите заедно сплотено единствено да продолжиме да ги градиме политиките и да имаме најдобри можни кандидати, рече Николовски. На Конгресот беше прикажан и документарен филм насловен „Рака која дава не се суши“, посветен на Амди Бајрам. ев/цр

Остани поврзан