• вторник, 27 август 2024

Шести ден активен пожарот на планината Пангео во североисточниот дел на Грција

Шести ден активен пожарот на планината Пангео во североисточниот дел на Грција

Атина, 27 август 2024 (МИА) – Шести ден по ред, копнените и воздушните сили на грчката противпожарна служба интервенираат во пожарот во непроодна област на планината Пангео, во североисточниот дел на Грција, во близина на градот Кавала, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што пишуваат грчките медиуми, во справувањето со огнената стихија ангажирани се 280 пожарникари со 46 возила, 25 пешадиски тимови, пет хеликоптери и еден авион, а помагаат и жители и волонтери.

Пожарот што избувна минатиот четврток не претставува опасност за населени места, меѓутоа според грчката новинска агенција АНА-МПА, превентивно се создаваат заштитни зони околу населбите во близина. ср/рп/

Остани поврзан