• петок, 05 декември 2025

Шеснаесет финансиски институции заинтересирани за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10

Шеснаесет финансиски институции заинтересирани за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10

Скопје, 9 јули 2025 (МИА) - Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки се заинтересирани за финансирање на изградбата на брзата пруга од Коридорот 10.

Од Министерството за финансии, од каде денеска ја објавија информацијата, велат дека во следниот период ќе се врши анализа и евалуација на пристигнатите понуди. 

Писмо за барање интерес беше доставено до 24 финансиски институции, а рокот за доставување на понудите беше до понеделникот, 7 јули. 

- Министерството за финансии го испрати барањето за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и комерцијални банки врз основа на Заклучок на Владата. Заедно со барањето, Министерството за финансии испрати до меѓународните финансиски институции и банките и образложение за проектот подготвено од Министерството за транспорт и врски и МЖ Инфраструктура, а кое исто така беше разгледано од страна на Владата, појаснуваат од ресорното Министерство.

За реализација на проектот се бараа 1,91 милијарда евра.

Премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот изјави дека има интерес за финансирање на проектот за брзата пруга од Коридорот 10 од финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа. бак/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан